Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Гранада со 1:0 во 23 коло од Ла Лига и ја зголемија предноста на табелата во однос на второпласираната Севиља на шест бодови.
„Кралевите“ се мачеа со гостите кои одлично се бранеа се до 74 минута кога погоди Марко Асенсио и тоа на асистенција на Едер Милитао.
Ова беше петти гол за Асенсио сезонава во Ла Лига. По 23 кола, Реал Мадрид има 53 бода и е лидер на табелата, додека второпласираната Севиља има 47.
Во наредното коло, Реал Мадрид ќе му гостува на незгодниот тим на Виљареал, додека Гранада игра против Реал Сосиедад.