Меркур се движи директно и напред: Што носи оваа планетарна промена во вашиот живот?

2 mins read

Од 4 февруари, Меркур излезе од ретроградното движење и конечно почна да се движи директно и напред. На 24 февруари ќе дојде до местото од кое почна да се движи наназад.

Иако нема веднаш да почувствуваме олеснување, бидејќи Меркур ќе биде во сенка, сигурно ќе уживаме во оваа планетарна промена. Сега конечно можеме да се посветиме на сите планови и да се обидеме да ги реализираме, да ги примениме сите лекции што ги научивме во претходниот период.

Сега добиваме нова перспектива, појасен поглед на она што било и полека се разделуваме од минатото. Вселенскиот патоказ нè води до живот што можеме да го создадеме со многу поголема леснотија.

Овие 3 хороскопски знаци ќе свртат „нов лист“ во наредните месеци: Следат нагли и неочекувани промени!

Од 14 јануари се соочуваме со околности кои јасно ни покажаа каде сме заглавени и што е навистина важно за нас сега, но и за блиска иднина.

Меѓутоа, за да продолжите напред, застанете малку и запрашајте се што ве научи оваа ретроградна фаза на Меркур, што ви донесе, што разбравте и што научивте досега…

Во наредниот период ве очекува некоја важна работа, одлука и нешто што може да се поврзе со минатото. Ќе имате шанса да ја преземете одговорноста за она што се случило. Односите со постари луѓе, авторитети можат да бидат значајни.

Овие 3 хороскопски знаци ќе свртат „нов лист“ во наредните месеци: Следат нагли и неочекувани промени!

Меркур и Плутон ни помагаат да навлеземе длабоко во суштината на нештата и да се ослободиме од некои ограничувања. Избегнувајте опсесивно однесување, ако се појави страв или непријатност, обидете се да разберете и почувствувате каква порака носи тоа.

За да одиме напред, потребно е да расчистиме со старите и лоши шаблони, навики и се што ни го отежнува постоењето.

Овој Меркур ќе ни помогне да започнеме нешто ново, да кажеме, да разбереме и да се договориме. Информациите кои претходно ни беа недостапни или нејасни, сега се отвораат пред нас и истите ќе бидат полесни за читање.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Акциска контрола во угостителски објекти во гевгелиско: Запечатени угостителски објекти, непочитување на протоколите, неиздавање фискални сметки

Следно

Мареј се откажа од настап на Ролан Гарос и од турнирите на земја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian