Ракометарите на Еурофарм Пелистер со натпреварот против Партизан ги започнуваат настапите во СЕХА Лигтата и желбите се да се дојде до завршниот фајнал-фор турнир. Натпреварот ќе се игра утре во Белград, а крилото на Е.Пелистер, Бојан Маџовски смета дека дуелот со Партизан ќе претставува тест пред европските натпревари кои следат во Европската лига.
– Партизан за нас е непозната екипа, но добар тест за европските натпревари. Можам да кажам дека имаме добар ритам и на добар пат сме и целиме на полуфинале во СЕХА лигата годинава – вели Маџовски.
И средниот бек на битолчани, Дејан Кукуловски, смета дека Партизан е непознат противник за нив, но победата е императив.
– Иако е непознат тим за нас, одиме на победа против Партизан – вели Кукуловски.