Кралски пресврт: Елизабета Втора сака Камила да биде назначена за кралица!

1 min read

Мојата желба е кога ќе дојде тој момент, Камила да биде назначена за кралица, напишала кралицата Елизабета Втора.

Војвотката од Корнвол, Камила и нејзиниот сопруг, принцот Чарлс биле трогнати од зборовите на кралицата. Кралицата испрати порака до јавноста по повод 70-годишнината од нејзиното доаѓање на власт.

Иако во 2005 година, кога принцот Чарлс се ожени со Камила, беше одлучено тој да ѝ се обраќа како принцеза кога Чарлс ќе стане крал, но кралицата сега го промени мислењето.

Кралицата со оваа „интервенција“ ја уништи секоја бариера која досега постоеше за Камила да стане кралица, а тоа, според добро извори блиски до случувањата во дворот, тоа ѝ дало уште поголема важност на војвотката.

Камила со години е вклучена во најразлични хуманитарни проекти, а особено поддржува здруженија кои им помагаат на жртвите на семејно насилство.

;

Во писмото, кралицата се осврна и на несебичната поддршка што ѝ ја дал нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој почина во април минатата година, само два месеци пред неговиот 100-ти роденден.

„И по 70 години, на 6 февруари се сеќавам на смртта на мојот татко, кралот Џорџ Шести и денот кога започна моето владеење. Се надевам дека овој јубилеј ќе ги обедини семејствата и пријателите, соседите и заедницата и дека, откако преживеавме тешки времиња, конечно ќе славиме и ќе размислуваме за позитивните работи што ги имаме секој ден“, се вели во писмото на кралицата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сакате да се сретнете лично со Трамп: Сега за само 250.000 долари можете да вечерате со поранешниот американски претседтел!

Следно

ВИДЕО: Леброн се врати на терените и веднаш му донесе победа на ЛА Лејкерс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian