Хрватска прва во ЕУ по бројот на смртни случаи од ковид-19

2 mins read

Хрватска во изминатите седум дена беше прва по бројот на починати од коронавирусот во земјите на ЕУ со 73 смртни случаи на милион жители, а по неа е Бугарија со 68 смртни случаи на милион жители, пишува Јутарњи лист.

Загрепскиот весник пишува дека тоа ги потврдува заблудите за помалата опасност од сојот омикрон, како и дека минатонеделните податоци на Заводот за статистика даваат реална слика за тоа што направил коронавирусот во Хрватска во изминатите две години од пандемијата.

Институтот наведува дека од март 2020 година, кога започна пандемијата, до декември 2021 година, бројот на умрени лица е зголемен за 16,9 отсто во однос на петгодишниот просек за тој период, односно починале 16.146 повеќе хрватски државјани.

Според податоците на Централниот завод за статистика, минатата година во Хрватска починале 31.724 мажи и 31.887 жени.

„Тоа значи дека, во споредба со годината пред епидемијата, починале 6.372 мажи и 5.445 жени, што е последица на пандемијата што трае повеќе од две години. Но, тие црни бројки би можеле да бидат многу помалку фрустрирачки доколку граѓаните на Хрватска се вакцинирани како граѓаните на повеќето земји од ЕУ“, пишува „Јутарњи лист“.

Весникот додава дека бројот на починати во последните седум дена го потврдува тоа, па така, на пример, Холандија и покрај големиот број заразени не забележала смртни случаи поради ковид – 19, Германија имала 10 починати, Австрија која воведе задолжителна вакцинација има 11 смртни случаи, а Шведска, Шпанија, Португалија и Данска имаа околу дваесет смртни случаи на милион жители.

-Тоа се сите земји со висок процент на вакцинација, што очигледно дава резултати“, се вели во текстот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маџовски: Партизан е добар тест за претстојните европски натпревари

Следно

Во Русија укината изолацијата за контакт со заразен од корона

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian