Грчките хакери од „Моќната грчка армија“ „упаднале“ во МОН и ги презеле безбедносните камери

2 mins read

Група на грчки хакери кои себе си се претставуват како „Моќната грчка армија“ тврдат дека го хакирале македонското Министерство за образование и наука.

Досега од министерството нема никакви податоци за овој хакерски напад. Не се знае ни дали нападот се уште е во тек.

Според Твитер профилот „Моќна грчка армија“ хакерскиот напад бил пренесуван во живо од страна на грчките хакери.

Грчките хакери оперираат низ безбедносниот систем на повеќе институции во Македонија од 23-ти јануари, а цели се компјутерските системени на виталните инститици на земјата како Владата, министерството за надворешни работи, за образонавание и наука, централната банка на земјата, мобилниот оператор Телеком…

Хакерска група Powerful Greek Armу, која два дена ровари во безбедносниот систем на Министерството за образование инаука под хаштагот #opENDMacedonia споделува и информација дека обезбедила пристап и од Владата. Грчките хакиери успеале да го пробијат сигурносниот систем и на Владата, а во информацијата на мрежата за микроблогирање порачуваат дека „имаат очи насекаде“.

Во објавата, покрај снимката којашто би требало да ја потврди веродостојноста за кибернетичкиот напад, се наведува и дека е преземена контролата врз базата на податоци на министерството.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Минималец на Реал Мадрид за ново бегство на табелата во Ла Лига

Следно

Денес се празнува: Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian