Германската олимпијка Лиза Баквиц и австриската олимпијка Жанин Флок позираа за германското издание на „Плејбој“ пред Зимските олимписки игри во Пекинг. Спортистките решија да застанат пред објективите на „Плејбој“ за да испратат порака до другите жени дека не треба да се срамат од своето тело.
„Сакам да покажам дека природното тело може да биде убаво. Она на кое ништо не е „поправано“. Не сум направила естетска операција и стојам при она што го имам. Секоја жена може да се гордее со своето тело“, изјави Флок за списанието „Плејбој“ кое треба да излезе во март.
„Важно е од време на време да имам други работите на ум покрај спортот, мислам дека тоа би можело да ми даде дополнителен поттик“, додала 32-годишната Австријка, скелетонист, која ќе дебитира на овогодинешните зимски Олимписки игри и ќе настапи на 12 февруари.
Со неа се согласува и Германката која се натпреварува во боб двосед.
„Секоја жена смее да биде гола и никој не треба да се срами од своето тело. На пример, имам неколку мускули повеќе, па што? Сакав да покажам дека и тоа е женско тело. Не морам да се кријам затоа што спортистка. Ниту една жена не треба да се крие“, рече 27-годишната Баквиц.
Инаку, германскиот „Плејбој“ во март ќе се појави во две изданија поради овие две спортистки!