Чеферин најавува промени: Можен е завршен турнир во Лигата на шампионите

1 min read

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, најавува промена на форматот во Лигата на шампионите и тоа со воведување на фајналфор турнир.

УЕФА веќе организираше завршен турнир пред две години поради пандемијата на коронавирусот, и се чини дека тој потег им даде идеја на челниците на европската куќа на фудбалот, да воведат фајнал-фор турнир во иднина.
Чеферин признава дека за такво нешто се зборува во УЕФА, но засега нема конкретен предлог.
– Се уште не сме разговарале за такво нешто поради пандемијата на коронавирусот. Но, според мене, завршен турнир во ЛШ би бил одлична работа. Лигата на шампионите така би била понеизвесна и би била поинтересна за навивачите. За ова зборував со неколку претседатели на екипи меѓу кои беше и Ал-Келаифи од ПСЖ и тој се согласува со мене – вели Чеферин.

Првиот човек на УЕФА не крие дека причината за евентуалното воведување на фајналфор турнир
се парите.
– Фудбалот е поголем спорт од НФЛ, но Супербол е огромен спектакл. Мораме да решиме равенка со една непозната: на клубовите да им обезбедиме компензација за парите кои ги би загубиле како домаќини на полуфиналните натпревари. Мислам дека овој предлог најрано може да заживее во сезоната 2024/25 – додава Чеферин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со Марија Пијанманов, нашинка во Париз: Сопругот ми го подари Париз, навистина сум благословена

Следно

Сточарот од пехчевско повикан на распит поради видеото поради кое Анима Мунди обвинува за малтретирање домашно животно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian