Актерот Џејсон Статам и манекенката Рози станаа родители по втор пат

1 min read

Моделот Рози Хантингтон-Вајтли и холивудски актер Џејсон Статам добија девојче, изјави близок член на семејството за „Daily Mail“.

Манекенката среќната вест дека ќе стане мајка ја објави на својот инстаграм-профил август. А неодамна објави неколку фотографии на кои се гледа дека е при крајот од својата бременост.

Во 2018 година, манекенката призна дека не им се брза со бракот и дека „тоа не им е приоритет“.

„Се радуваме на тоа време. Но исто така не ни е голем приоритет, ние сме толку среќни. Мислам дека ќе биде забавно да се направи тоа кога бебето малку ќе порасне и ќе може да се вклучи во свадбата“, изјави манекенката во една прилика.

Минатата година 34-годишната Рози рече дека таа и 54-годишниот Џејсон би сакале да имаат повеќе деца и дека нивната 20-годишна разлика во годините не е проблем.

„Не! Никогаш не било проблем! Годините не се ништо друго освен бројка!“, изјави манекенката.

Рози и Џејсон се запознале на забава во Лондон во 2009 година и имено било љубов на прв поглед. Нивната љубовна врска ја потврдија во 2010 година, а се верија во 2016 година. Тие се веќе родители на четиригодишниот син на кој му посакаа добредојде една година по свршувачката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Турција завеана: Снежните врнежи оставиja 20.000 домаќинства без струја

Следно

Маџовски: Партизан е добар тест за претстојните европски натпревари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian