Вучиќ се сретна со Џинпинг: До крајот на годината ќе завршат разговорите за слободна трговија

2 mins read

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во тридневна посета на Кина на отворањето на Зимските олимпски игри, денеска се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, пренесуваат српските медиуми.

-Ова е седма официјална средба со претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг. За нас е важно да продолжиме да градиме добри односи и нашата соработка да расте во сите области, објави Вучиќ на Инстаграм.

Тој кажа дека е многу задоволен од средбата и посочи дека кинескиот претседател потврдил дека многу сака да ја посети Србија, како и дека разговарале за стратешки теми.

-Разговаравме за стратешки прашања, взаемната поддршка, зачувување на територијалниот интегритет во меѓународните институции и организации – тоа е многу важно за нашата земја поради Косово, изјави Вучиќ за РТС.

Тој посочи дека прашањето за Договорот за слободна трговија е многу важно за Србија и додаде дека се што е поврзано со тоа треба да биде завршено до крајот на годинава.

-За нас прашањето за Договорот за слободна трговија е страшно важно и кога зборуваме за тоа, не е прашање само за нашите земјоделски производители, за нашите винари и лозари, производители на ракија и се друго, да можат да ги продадат своите големи количини на најголемиот пазар во светот, што е кинескиот, туку станува збор и за носење нови инвестиции, кажа срспкиот ретседател.

Според Вучиќ, тоа е важно и за Западот и другите делови од светот, бидејќи „кога знаат дека Србија има договор за слободна трговија со Кина, тогаш навистина стануваме убедливо најдоброто место за инвестирање во цел тој дел од Европа”.

Тој наведе дека околу Договорот за слободна трговија се треба да е заврши до крајот на годината.

Како што посочи, на средбата се зборувало и за воено-техничка соработка, но и за инфраструктурни проекти на кои Србија работи со Кина.

-Во Ниш наскоро ќе се отвори кинеска фабрика, со проширување на инвестицијата во Крагуевац, најави претседателот на Србија.

Тој посочи и дека се разговарало и за воспоставување на авио линија Белград-Пекинг и Белград-Шангај, каде што оператор ќе биде авиокомпанијата Ер Србија, се наведува на веб-страницата на претседателот на Србија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повеќе од 3000 граѓани ја користеле жичарницата на Водно изминатата недела

Следно

ФОТО | Добрила Чабриќ го прослави својот 94 роденден: Сакам да го живеам животот со полни гради!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian