Денеска во дербито од 24 коло во најсилното италијанско првенство на „Џузепе Меаца“ составот на Милан славеше против Интер со 1:2.
После првото полувреме водеа домаќините со погодокот на хрватскиот интернационалец Перишиќ во 38 минута после асистенцијата на Чалханоглу.
„Росонерите“ во вториот дел направија целосен пресврт, двоен стрелец беше Французинот Жиру кој најпрвин израмни во 75 минута, а 180 секунди го постави конечниот епилог.
На табелата во Серија А и натаму води Интер со 53 бодови, но сега само еден повеќе од второпласираниот Милан.
Претходно во истата лигашка рунда без голови (0:0) на стадионот „Олимпико“ во Рим одиграа Рома и Џенова.