ВИДЕО: Јокиќ се врати во голем стил, повторно блиску до „трипл-дабл“

1 min read

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ по повредата се врати во редовите на Денвер и воедно им се врати на своите одлични игри. Откако го пропушти мечот со Јута џез поради повреда на палецот, Јокиќ го предводеше Денвер, но ниту неговите 25 поени, 12 скока и девет асистенции не беа доволни бидејќи Њу Орлеанс победи со 113:105.

Јокиќ ги водеше Нагетси, особено во последната делница кога се решаваше мечот, преземајќи ја целата одговорност и повторно беше до нов „трипл-дабл“ учинок, кој полека станува негов стандард.

Упати само 10 шута, три промаши, а немаше соодветна помош од соиграчите, па Денвер го забележа третиот пораз во низа. Херберт Џонс кој го одигра натпреварот во кариерата имаше одговор на секој кош на Јокиќ.

Бекот на Пеликанси даде 25 поени, а сето тоа на најдобар начин го проследија Брендон Инграм со 23 и Џексон Хејс со 22 поени и 11 скока. На сето тоа Јонас Валанкунас додаде 18 поени, па Пеликанс славеа триумф во „Бол Арената“.

Во Денвер најблиску до Јокиќ беше Монте Морис со 19, а Вил Бартон со 17 години. Нагетс сега има учинок 28-24, моментно шесто место на Западот, додека Пеликанс се на 11 позиција (20-32).

НБА лига, резултати –

Шарлот – Кливленд 101:102
Детроит – Бостон 93:102
Индијана – Чикаго 115:122
Торонто – Атланта 125:114
Сан Антонио – Хјустон 131:106
Денвер – Њу Орлеанс 105:113
Јута – Бруклин 125:102
Портланд – Оклахома 93:96
Далас – Филаделфија 107:98

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Готвиме со Маја: Македонско суши со туна и ракчиња

Следно

ФОТО | Aндреа оди на Евровизија 2022 во Торино: Ќе правиме победничко интервју!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian