ВИДЕО: Инспектор од Берово игра околу живо јагне врзано на маса, од „Анима мунди“ се згрозени

1 min read

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ на Фејсбук објави снимка на која се гледа како неколкумина мажи играат околу јагне ставено на маса со врзани нозе. Според организацијата, меѓу мажите на видеото е и инспектор за заштита на благосостојбата на животните, кој го прави спротивното од она што му е работа.

-Со заврзани нозе, маневрираат со него како со предмет, а не живо битие што трпи болка и страв, му нанесуваат непотребен стрес група на мажи, меѓу кои седи инспектор за заштита на благосостојбата на животните во ПЕ берово од Агенцијата за храна и ветерина. Нашето здружение ќе поднесе пријави до сите надлежни институции против наведениот инспектор зашто е неспособен, неадекватен и очигледно психички нестабилен за да биде државен службеник, а уште помалку некој што треба да заштити животно во неволја, судејќи по видеото во прилог. Видно задоволен го гледа и снима престрашеното животно во очи, сведок и соучесник во ова изживување е оној кој треба да го заштити, но го измачува! Во кое нормално општество вакви ликови се вработуваат во државни институции и ги прекршуваат законите што треба да ги спроведуваат? Во кое нормално општество инспектор за заштита на животните е соучесник во нивно малтретирање, причинување непотребен стрес, страдање? – прашуваат од „Анима мунди“.

Од здружението најавуваат дека ќе поднесат пријава до сите надлежни институции против инспекторот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Жиру е херојот на Милан во дербито против Интер

Следно

ЕВЕ КАДЕ ВЕЧЕРВА ВРНЕ СНЕГ – УХМР најавува нови врнежи и во наредните денови (ФОТО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian