ВИДЕО: Инцидент на ЗОИ, новинар насилно одвлечен сред јавување во живо од Пекинг

1 min read

Новинарот на „НОС“, Сјерд ден Дас, пренесуваше извештај во живо за време на церемонијата на отворањето на Игрите во главниот град на Кина, кога беше опкружен од неколку луѓе задолжени за редот.

Инцидентот со холандскиот новинар, кој насилно го одвлекоа кинеските обезбедувачи сред пренос во живо, го привлече вниманието на сите медиуми ширум светот.

Мерките во Кина за време на Зимските олимписки игри се крајно ригорозни и нема флексибилност.

– Тоа беше изолиран настан и нема да влијае на покривањето на странските медиуми за Зимските олимписки игри во Пекинг – соопшти Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Преносот во живо беше прекинат поради што водителите во студиото во Холандија останаа збунети.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што прави денеска: Лука Ѓоргиевски, музичар и вокалист во бендот „Фанк Шуи“

Следно

Ковачевски: Неблагодарно е сега да се зборува за евентуално членство на Украина во НАТО

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian