Поминува Хасо покрај гробишта и гледа огромен камен на кој пишува:
„Брате, ако си вистински брат и пријател, помогни ми, помрдни го овој камен што ми стои на душата и олесни ми ги маките.“
Хасо по долго размислување се одлучил да го помрдне каменот. Го влечел, го туркал и на крајот со големи маки го помрднал каменот. Под него било испишано:
„Брате, ако си вистински брат и пријател, врати го овој камен назад за да се пошегуваме и со некој друг!“