Тоа го може само Балканец: Шофер од Босна без дозвола возел 40.000 километри низ Европа

1 min read

55-годишен возач на камион од Босна поминал дури 42.600 километри по европските патишта без возачка дозвола. Австриската полиција во Салцбург го исклучилa од сообраќај шоферот од БиХ, кој немал валидна C+E дозвола, јавуваат медиумите во регионот.

Дозволата му истекла на 19 октомври. Полицијата била изненадена што тој претходно не бил фатен.

Возачот бил забележан од полицајците кога, возејќи со брзина од 90 километри на час, не го одржувал задолжителното растојание за тешки возила од најмалку 50 метри. Наместо тоа, тој се „лепел“ на само десет метри од возилото кое било пред него. При преглед на камионот, биле откриени и повеќе други проблеми.

Имено, камионот имал гуми со погрешна големина, поради што брзиномерот покажувал помала брзина од онаа што всушност ја возел. Полициските службеници констатирале и сериозни прекршувања на тахометарот, кој покажува колку често шоферот се одморал.

Фабриката од БиХ, за која работи шоферот, морала да го замени, а камионот бил испратен на вонреден технички преглед.

Според австрискиот закон, и возачот и сопственикот на фирмата ќе мораат да платат казна од 3.000 евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Иселеник од Македонија се сретна со папата – имаше ретка можност да му го даде ова на подарок, еве како реагираше Франциск

Следно

ФОТО | Андреј Гонев ни го пренесува мистериозниот карактер на рисот: Го истребуваме ова ретко суштество!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian