Словенија веќе ги прослави првите два медали на Зимските олимписки игри во Пекинг, Кина.
Во ски скокови во женска конкуренција Урша Богатај освои златен медал на големата скокалница, додека третото место го освои нејзината сонародничка Ника Крижнар.
Шампионката Богатај беше втора по првата серија, а на лидерската позиција со три бода повеќе беше Германецот Алтхаус.
Но, многу подобро остварување во втората серија имаше словенечката ски-скокачка и на крајот убедливо славеше.
Во првите 10 се најдоа уште две претставнички од Словенија, Ема Клинец беше петта, а Спеља Рогељ заврши деветта.