Почина Марко Брецељ, фронтменот на култната група „Булдожер“

1 min read

Легендарниот словенечки кантавтор, уметник и активист Марко Брецељ почина во петокот на 71-годишна возраст.

Во својата педесетгодишна кариера, независниот уметник секогаш ги покажувал своите права. Пред три години ја доби и наградата „Јеж“.

Марко Брецељ е современ уметник кој е тешко да се дефинира, бидејќи во својот долг творечки живот смени неколку идентитети и се појави во словенечката јавност во различни персонификации“, напиша жирито во 2019 година кое му ја додели наградата „Јеж“ на РТВ Словенија.

Марко Брецељ беше присутен на уметничката сцена речиси 50 години, а за тоа време го издаде соло албумот „Коктел“, на кој соработуваше со легендарниот Бојан Адамиќ и три плочи со рок-групата „Булдожер“, на кои работеше како текстописец и фронтмен.

Брецељ ја напушти групата „Булдожер“ во 1979 и оттогаш не сакаше многу да зборува за неа.

Брецељ напиша музика и за мјузикл за што освои Златна арена во Пула. Во 1991 година го презема управувањето со Младинскиот културно-социјален и мултимедијален центар во Копер и го основа Здружението на пријатели на умерен напредок.

Брецељ работеше како независен уметник, а се занимавааше и со политика. Беше советник на градскиот Совет во Копер, а оформи и партија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Луѓето паѓаат среде улица од силниот удар, а автомобилите се нишаат без престан – силен земјотрес го погоди Авганистан (ВИДЕО)

Следно

Пандев дебитираше за Парма во италијанската Серија Б

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian