Пехштајн, која во кариерата освои девет олимписки медали, се израмни со јапонскиот ски-скокач Нориаки Касаи по бројот на настапи на ЗОИ.
Германката Клаудија Пехштајн денеска стана најстарата жена која се натпреварувала на Зимските олимписки игри.
49-годишната натпреварувачка во брзо лизгање учествуваше на денешната трка на 3.000 метри на Зимските олимписки игри во Пекинг, со што стана само вториот спортист и првата жена која осум пати се натпреварувала на Зимските олимписки игри.
Германката, која ќе наполни 50 години два дена по Игрите во Пекинг, денешната трка ја заврши за четири минути и 17,16 секунди, што е речиси 20 секунди побавно од олимпискиот рекорд (3:57,70), кој сè уште го поседува на Игрите во Солт Лејк Сити во 2002 година.
Таа ги освои своите први медали на Игрите во Лилехамер во 1994 година.