ФОТО | Запознајте го Џонатан, најстарата желка на планетата Земја: Има 190 години и е симбол на упорноста

1 min read

Желката по име Џонатан наполни 190 години и освен титулата „Најстаро живо копнено животно“, запишан е и во Гинисовата книга на рекорди како најстарата желка на светот.

Проценката е дека Џонатан е роден во 1832 година, што значи дека оваа година или веќе има полни 190 години, велат од Гинисовата книга на рекорди. Тоа значи дека Џонатан е роден пред кралицата Викторија да стапи на престолот во 1837 година!

Оваа сејшелска џиновска желка веќе беше во Гинисовата книга на рекорди како најстаро живо копнено животно, но сега е официјално најстарата желка на светот. Џонатан го победи претходниот рекорден Туи Малилу, желка која живееше најмалку 188 години, пред да почине во 1965.

Џонатан живее на островот Света Хелена, во јужниот дел на Атлантскиот океан.

„Тој е локална икона, симбол на упорноста и соочување со промените“ – рече Џо Колинс, ветеринар на џиновската желка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВО ЖИВО: Спасувачите го извлекоа детето паднато во бунар во Мароко, не се знае дали е живо

Следно

Словенија веќе слави злато и бронза од Зимските олимписки игри во Пекинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian