ФОТО | Совршена паста со сос од спанаќ и индиски ореви

1 min read

Спанаќот е можеби најнепопуларен зеленчук кај децата, а има и возрасни кои не го сакаат баш. Навикнати сме да го јадеме исклучиво во комбинација со урда во пити, бурек… Но, еве еден одличен начин како да го „подметнете“ спанаќот во убав рецепт за вкусен, калоричен, а сепак здрав оброк.

Потребни состојки за 4 лица:

  • 1 пакување шпагети
  • 500 гр свеж, исчистен спанаќ
  • чешне лук
  • 100 гр несолени индиски ореви
  • 1 мала тиквичка
  • маслиново масло
  • сол,
  • бибер,
  • босилек

Подготовка:

Во тенџере ставете вода со малку сол да почне да врие. Исчистениот спанаќ „попарете“ го неколку минути во водата и потоа извадете го и процедете го низ ладна вода.

Во тава, на маслиново масло пропржете го лукчето ситно исецкано, па додајте ја тиквичката на коцки. Добро промешајте. Додајте сол, бибер, босилек и добро искрчкајте. Потоа додајте го спанаќот и пропржете кратко. На крај додајте ги индиските ореви и промешајте. Со рачен блендер поминете низ смесата за да добиете густ сос (индиските ореви даваат густина).
Сварените шпагети треба да бидат „ал денте“ и во нив истурете го сосот и добро промешајте. Посолете по вкус и послужете ги.

Уживајте!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: РЕК Битола повторно работи само со еден блок, а ТЕЦ Неготино исклучен

Следно

ВИДЕО: Жиру е херојот на Милан во дербито против Интер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian