ФОТО | Принцот Хари дава совети за работа: Социјалните мрежи гневни, му порачаа да замолчи!

2 mins read

Откако учествуваше во стартап проект наменет за ментално здравје, BetterUp и им порача на сите компании дека „сите вработени треба да имаат време за себе“, принцот Хари се најде на удар на социјалните мрежи.
Набрзо беше направен и хаштаг #BETTERshutUPharry

Војводата од Сасекс се појави на онлајн панел дискусија заедно со основачот на BetterUp, Алексија Робиучаск, тенисерката Серена Вилијамс и сопругата Меган Маркл. Она што тој го порача во панелот, не беше баш со добар одзив во јавноста.

„Од перспектива на работодавец, не можете да очекувате дека вашите вработени ќе имаат време за себе ако не им го давате потребното време за тоа“ – рече принцот Хари, и појасни како и тој самиот има доживеано прегор од работа, односно пренесе колку е важно да се одвои време за себе.

Неговите совети не ги „возбудија“ социјалните мрежи, па тие отворено го „искараа“ војводата. Имено, на неколку твитер и фејсбук профили, неговиот говор е објаснет како „лажен“.

„За што зборува тој? Никогаш во живот немал тежок работен ден! – напиша еден корисник на Твитер, а друг додаде дека „секогаш е прво тој , тој и само тој во прв план“.

Кога тргна целата олуја со хашатагот, коментарите продолжија и уште не стивнуваат. Очигледно е дека принцот навистина ќе мора малку да поработи (вистински) на својот PR.

„Извини, но не те сфаќам сериозно“

„Знам дека си квалификуван да зборуваш за ова, но ова е се’ што правиш. Знаеш ли што е работа и барање баланс помеѓу обврските на работа и приватниот живот?

„Дали е ова некоја болна шега?“

„Тој не ни знае што значи вистинска работа“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голема полициска акција во Грчец

Следно

Аврамовски пред трансфер во редовите на Сараево!?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian