ФОТО | Добрила Чабриќ го прослави својот 94 роденден: Сакам да го живеам животот со полни гради!

1 min read

Популарната повозрасна пејачка, родена во Дојран, Добрила Чабриќ го прослави својот 94 роденден неодамна.

Таа е една од ретките постари пејачки на Балканот која учествуваше на шоуто „Никад није касно“ и е омилена меѓу публиката. Роденденот го прослави во еден скопски ресторан, а нејзината позитивна енергија и радост кон животот никого не можат да остават рамнодушен.

Добрила Чабриќ/Фејсбук
Добрила Чабриќ/Фејсбук

Таа имено, изјави дека желбите за роденденот и се многу едноставни:

„Да имам здравје, среќа, да ме држи гласот и да им покажам на помладите и на повозрасните дека имам сила да продолжам да го живеам животот, како и до сега со полни гради“ – пренесоа од „Нет.прес“

Добрила Чабриќ во 2018 беше победничка во тв -шоуто за таленти „Никогаш не е доцна“. Да се потсетиме на оваа нејзина изведба:

Среќен роденден и добро здравје драга Добрила!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ се сретна со Џинпинг: До крајот на годината ќе завршат разговорите за слободна трговија

Следно

Пехштајн за историја во Пекинг, прва жена со осум Зимски олимпијади

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian