Бројот на починати и заразени од ковид не паѓа, олеснети мерки за влез на Македонците во Косово и Бугарија

2 mins read

Со новите 1.493 инфицирани, бројот на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава достигна 275.637. Во вчерашната статистика беа евидентирани 31 починат пациент, што е рекорд во новиот бран на заразата. Дополнително беа пријавени уште осум починати преку „Мој термин” за периодот од 26 до 31 јануари. Министерството за здравство соопшти дека сите 39 починати имале коморбидитети, а седуммина биле целосно вакцинирани.

Скратувањето на периодот на изолација на седум дена влијае на намалувањето на бројот на активни случаи – во државава има 12 764, половина  (6834) се во Скопје. Речиси илјада (964) се во Битола, а над 400 активни имаат Куманово, Прилеп, Тетово и Кавадарци.

Министерството за надворешни работи вчера соопшти дека се олеснуваат мерките за влез на државјаните на Северна Македонија во Косово, Норвешка и во Бугарија. Со најновата одлука на Владата на Косово, која ќе стапи во сила денеска, се укинува барањето за нашите државјани при влез да приложат потврда за примена трета доза вакцина против коронавирусот. Нашите државјани може да влезат во Косово со сертификат за примени две дози вакцини или една доза, но со ПЦР-тест.

Олеснети се мерките за влез и во Бугарија, кои предвидуваат приложување еден од следните документи: сертификат за примени две или три дози вакцина; сертификат за прележан ковид-19; негативен ПЦР или негативен антиген тест.

МНР соопшти дека и Норвешка ги укина ограничувањата за влез на наши државјани, при што, сепак, продолжува да се бара пополнување формулар за регистрација пред влегување во Норвешка (https://reg.entrynorway.no/)  и задолжително приложување негативен ПЦР-тест направен 24 часа пред влез во таа земја, доколку лицето е постаро од 18 години и не поседува валиден сертификат за вакцинација или за прележан КОВИД-19.

Од понеделник Грција ќе ја укине мерката, воведена на 19 декември 2021, за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на Северна Македонија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Виц на денот: Хасо и големиот камен

Следно

Дневен хороскоп за 5 февруари: Како и секогаш, добрата волја прави чуда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian