Анти кандида исхрана: Еве кои намирници ќе ви помогнат да се ослободите од неа

2 mins read

Единствено правило кога станува збор за анти-кандида исхрана е да ја намалите омилената храна на оваа инфективна габа – шеќерот.

На „црната листа“ на намирници кои ја хранат, се наоѓаат и многу млечни производи, освен пробиотскиот јогурт и ќефирот.

Диетата против кандида има строги правила, но доколку сте упорни, резултатите се неминовни. Ако ве мачи кандида, пробајте барем да ги воочите најбитните препорачани намирници, а избегнувајте ги оние за кои сигурно ќе ви треба и малку повеќе контрола.

Препорачани намирници

Зеленчук – брокули, домати, тиквица, прокељ, целер, мешункасти зеленчуци, зелка, краставица. Морков исклучиво сварен, спанаќ, карфиол и аспарагус.

Риба и месо

Речиси сите видови риба можете да ги јадете додека се „борите“ со кандидата. Можете да јадете и пилешко, без многу зачини, свинско, говедско…

Јаткасти плодови

Дозволени се семки од сончоглед, бадеми, тиква, сусам, индиски орев, пекан ореви, бразилски ореви…

Млеко и млечни производи

Пробиотски јогурт, домашен ќефир и тврдо сирење само на собна температура

Диетата подразбира многу течности, вода како приоритет, благи растителни чаеви, кафе без кофеин, лимонада без шеќер.

Здрави масла

Маслиново масло, ленено масло и ладно цедено сончогледово масло.

Само одредени житарки, и тоа со цело зрно

Ориз, овес, просо, хељда, р’ж и кафен ориз.

Останати намирници

Во мали количини можете да се почастите печен компир, нискомаслен јогурт, колачиња без шеќер, крекери од ориз. Овие намирници не се на посакуваната листа, затоа бидете умерени.

Овие намирници треба да ги избегнувате

Шеќер!

Mед, меласа, оризов слад, џемови, бонбони, чоколада, гуми за џвакање, пудинг, бисквити, сладолед. Исто така опасни се и скриените шеќери што ги има во одредени преработени намирници, како на пример паста, кечап, гранола барови, итн.

Од овошје смеете само зелено јаболко, лимон и портокал во мала количина.

Време е да пробате.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Али Ахмети со цигара во раката пее и тагува по диктаторот Ервен Хоџа

Следно

Дел Потро во солзи најави крај на професионалната тениска кариера

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian