ВИДЕО | Урнебесно и смешно како што само тие знаат: Екипата на „Преспав“ ѝ го честиташе роденденот на Тијана

1 min read

Македонската пејачка и актерка Тијана Дапчевиќ вчера го прослави роденденот. Роденденските честитки не стивнуваат. Колегите, семејството, пријателите и обожавателите од регионот не престануваат  да ја опсипуваат Тијана со најубави желби и честитки.

Секако, една од честитките која им падна в очи на сите, е онаа од нејзините колеги – „преспавци“.

Со оглед на тоа дека Тијана до неодамна беше дел од хумористичната ТВ-серија „Преспав“ каде го играше ликот на Ула, роденденска честитка доби и од екипата на серијата. Екипата заврши со снимањето на шестата сезона, која веќе се емитуваше.

На социјалните мрежи, „преспавци“ со кратко видео на кое се прикажани анегдоти при снимањето на серијата ѝ го честитаа роденденот на својата Ула.

„Среќен роденден Ула наша или што би рекле Германците, среќен geburtstag“, пишува во хумористичниот опис на видеото.

Истовремено, со видеото ни доловија дел од атмосферата што се случувала за време на снимањето на „Преспав“. Може да се види дека актерската екипа одлично се забавувала – хумористични и смешни во секој момент од снимањето на серијата.

Инаку, Тијана за минатогодишниот роденден реши да ги почести обожавателите со нова песна по тој повод. Песната е насловена „Слепа љубов“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Макрон следната недела на средби со Путин и со Зеленски

Следно

ВИДЕО: Атланта и Јанг ја запреа победичката серија на Феникс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian