ВИДЕО | Малума „ја побара“ Џенифер Лопез за жена: Што се крие зад овој потег?

1 min read

Светски познатиот пејач Малума и мега поп ѕвездата Џенифер Лопез покрај тоа што се соработници и имаат неколку заеднички песни, се и добри пријатели.

Имено тие периодов поминуваа доста време заедно снимајќи го филмот „Marry me“, чија премиера ќе се случи на 11-ти февруари.

Малума сними Тик-Ток видео со кое направи мала шега, а нормално дека привлече внимание со „трикот“ кога клекнува на колена, и ѝ предлага брак на Џенифер Лопез, додека нејзините пријателки ѝ советуваат да го одбие.

Видеото е навистина смешно и доби безброј лајкови и коментари, а некои од обожавателките на Малума се пошегуваа дека „многу лесно ја бара Џеј Ло“ и дека е навистина голем заводник.

Дали филмот „Marry me“ ќе донесе некаков посакуван брак за пејачката, останува да видиме!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ердоган најави можна соработка со Израел во испораката на гас за Европа

Следно

Пораз на Вардар на подготовките во Анталија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian