ВИДЕО | Ким Џонг Ун јава коњ, ужива на концерт со сопругата и животот е убав: Пропаганда или документарен филм?

3 mins read

Северна Кореја ја започна Лунарната Нова Година со промовирање на документарниот филм во кој главен протагонист е Ким Џонг Ун, кој ги покажува неговите вештини за јавање коњи.

Новиот филм, насловен „The Great Year of Victory“ или „Големата година на победата, 2021 година, беше објавено на „Јутјуб“ со група други видеа, вклучително и едно на кое се гледа како Ким ужива на концерт со неговата сопруга Ри Сол Џу.

Мноштвото видеа и тактиките за нивно објавување околу лунарната Нова година би можеле да бидат обид да се истакне духот и енергичноста на Ким, изјави за „AFP“, Чеонг Сеонг-чанг од Центарот за севернокорејски студии на Институтот Сејонг.

„Сцените со јавање, особено, се чини дека се создадени за да го покаже неговото здравје“, додава тој.

Документарецот е вкрстен со многу артилериски снимки, а нараторот прави кодирана референца за „најлошите тешкотии“ со кои се соочила Северна Кореја во 2021 година.

На некои од снимките се гледа како Ким полека се спушта по сет од импровизирани скали, значително послаб од порано, додека нараторот опишува како неговото „тело целосно се исушило“ поради напорна работа.

Ким Јонг Ун
Ким Јонг Ун / Фото: EPA-EFE/KCNA

Трик за „хуманизација“ на Ким

„Тие се обидуваат да го насликаат како лидер кој многу го сака својот народ и, како резултат на тоа, тој работи напорно и е преморен“, истакна Јанг Моо-џом.

И, се разбира, ова е обид да се „продаде“ забавната и весела страна на животот во Северна Кореја, вклучувајќи паради, преполни концертни сали и толпи обожаватели на Ким.

Според „The Associated Press“, белиот коњ што се појавува во видеото е добро познат пропаганден симбол за семејството Ким и често се користел во нивното седумдецениско владеење. Државните медиуми често прикажуваат членови на семејството Ким, вклучувајќи го и покојниот Ким Џонг Ил, како јаваат бели коњи.

Симболиката се навраќа на Ким Ил-сунг, кој според официјалниот наратив јавал бел коњ додека се борел против јапонските колонијални владетели. Кон крајот на минатата година, Северна Кореја ги повика своите 1,2 милиони војници да се обединат и да застанат зад нивниот лидер, да го бранат со своите животи, додека земјата ја прославуваше 10-годишнината од владеењето на Ким.

Некои експерти велат дека Ким се бори со најтешкиот момент од неговото 10-годишно владеење поради пандемијата на коронавирус, недостигот на храна, санкции и сопственото лошо управување.

Драгиот почитуван лидер поткривнува: „Ким го жртвува и своето тело за победата“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Хрватска ги претстави евро монетите од 1 и 2 евра како и изгледот на центите

Следно

Стадионот „Птичје гнездо“ единствен во историјата на кој ќе се одржи церемонија на отворање на ЗОИ и на ЛОИ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian