ВИДЕО: Демонстрантите на протестниот марш бараа меѓународна истрага за случаите Алфа и Монструм

2 mins read

Под мотото „Слобода, правда и еднаквост“ во Скопје се одржа протестен марш за сега починатиот Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотна казна затвор во случајот „Алфа“.

Протестот започна од плоштадот „Скендербег“ во Старата скопска чаршија, а заврши пред канцеларијата на Европската Унија.

Протестен марш во Скопје/Фото: Слободен печат/Дестан Јонузи

„Ја информираме меѓународната заедница за случаите што се случија. Овие случаи се монтирани. Смртта под сомнителни околности на Реџаил Ќерими, неговиот случај и други случаи нема да заврши тука. Нашите повици се упатени до меѓународните институции за меѓународна истрага“, изјави Нагип Јонузи, еден од организаторите на протестот.

Бедри Ајдари, еден од роднините на осудените во случајот „Монструм“, рече дека смртта на Реџаил во затвор не потсетува на многуте неправди и страдања на Албанците.

– Смртта на Реџаил не` потсетува колку луѓе се во неволја и чекаат правда, а не милост, но не ја наоѓаат тука. Затоа организаторот одлучи денеска да се обрати до претставништвата на Европската унија и да ја пренесе пораката за правда“, рече Бедри Ајдари.

Протестен марш во Скопје/Фото: Слободен печат/Дестан Јонузи

Јетула Ќерими братот на Реџаил Ќерими пред присутните на протестот изјави дека нивните барање нема да запрат се додека не излезе вистината за случајот Алфа.

„Нашите барања нема да запрат додека не излезе вистината. Мојот брат почина, но неговата волја беше случајот да се реши до крај, бидејќи тоа е монтиран случај и тоа е политички случај“, изјави Јетула Ќерими.

Реџаил Ќерими, почина пред неколку дена во затворот Идризово, каде што повеќе од 13 години ја издржуваше казната доживотен затвор за случајот „Алфа“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Цветановска нема да настапи на утрешната трка

Следно

Се одложи доизградбата на кружната градинка во Волково

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian