ВИДЕО: Блесна нова ѕвезда во Македонија

2 mins read

Yon Idy со својата песна Dreams, според многумина, е главниот фаворит за да нѐ претставува во финалното натпреварување на Евровизија, кое годинава ќе се одржи во Торино.

Yon Idy за само неколку дена ги освои срцата на огромен број луѓе во Македонија. По интерпретацијата на неговата песна во финалето на изборот за претставник од Македонија на Евровизија 2022 неговата популарност нагло порасна, но и по интервјуата низ медиумите, што е резултат на неговата скромност, искреност и шарм. Тоа може да се види од безбројните коментари за него по социјалните медиуми.

Со неговата песна Dreams, според многумина, тој е главниот фаворит за да нѐ претставува во финалното натпреварување на Евровизија, кое годинава ќе се одржи во Торино. Причините за тоа се неколку: оригиналноста на неговите композиции и текстови, како и неговиот глас. „Непретенциозно прекрасно дете со најуникаткиот машки глас ever”, напиша пред некој ден музичката ѕвезда Дани Димитровска.

Yon Idy /Фото: Лична Архива

По влезот во трката со уште 5 кандидати, Yon Idy ја промовираше Dreams во емисијата „Стисни плеј“ во рамки на национланиот избор за песна и претставник на Евровизија 2022. Оваа година македонската јавност со оналјн гласање ќе учествува во изборот на песната што ќе ја преставува нашата земја во Торино. Yon Idy е комплетен автор на песната Dreams, а за аранжманот помогна и Анѓел Ќосев. Благодарен е за довербата и можноста да биде потенцијален претставник на Македонија.

Според него, Евровизија е настан на кој се споделуваат различните култури на најубавиот можен начин, а тоа е музиката. „Сите сонуваме за совршена љубов, а во рефренот на Dreams се зборува за токму таква љубов – совршена, од соништата. Строфите отсликуваат реални моменти, конфликти и недоразбирања од мојот личен живот и нè враќаат во реалноста и нè потсетуваат дека за да биде нешто толку совршено, мора вистински да се потрудиме,“ вели Yon Idy.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Столтенберг заминува од НАТО, ќе стане гувернер на Норвешката централна банка

Следно

Вардар против Нексе ја започнува сезоната во СЕХА Лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian