ВИДЕО: Атланта и Јанг ја запреа победичката серија на Феникс

2 mins read

Кошаркарите на Атланта хоукс во дербито на вечерта во НБА лигата со 124:115 го совладаа Феникс санс и ја прекина серијата од 11 победи по ред на „сонцата“.

Победничката серија на Феникс започна на 12 јануари со победата над Торонто и траеше се до утринава, но и покрај поразот „сонцата“ се најдобар тим во НБА лигата со скор од 41 победа и само 10 порази.

Најзаслужен за триумфот беше Тре Јанг со 43 поени и пет скокови, притоа постигнувајќи пет тројки, од кои една на 37 секунди до крајот за недостижно водство на неговиот тим од 122:113 Џон Колинс во триумфот придонесе со 19 поени и 10 скокови и Кевин Хертер со 19 поени.

Предводник на Феникс беше Девин Букер кој изборот за настапот на ол-стар натпреварот го прослави со 32 поени. Крис Пол имаше дабл-дабл од 18 поени и 12 асистенции.


Во градското дерби, ЛА Клиперс со 111:110 го совлада ЛА Лејкерс. Поените за триумф на Клиперс ги постигна Реџи Џексон на четири секунди до крајот.
Најдобар кај Киперси беше Маркус Морис со 29 поени, а јунакот Реџи Џексон даде 25 поени. Во редовите на Лејкерси за кои не настапи повредениот Леброн Џејмс, се истакна Ентони Дејвис со 30 поени и 17 скокови,.

Голден Стејт против Сакраменто дојде до осмата победа по ред има само три порази повеќе од Феникс (40-13). Во победата од 126:114, дури седум кошаркари на Голден Стејт постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Клеј Томпсон со 23 поени.


Резултати:
Детроит – Минесота 117:128
Сан Антонио – Мајами 95:112
Атланта – Феникс 124:115
Торонто – Чикаго 127:120
Голден Стејт – Сакраменто 126:114
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 111:110

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Урнебесно и смешно како што само тие знаат: Екипата на „Преспав“ ѝ го честиташе роденденот на Тијана

Следно

Јордановска: Мило ми е за донесената ослободителна пресуда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian