Ракометарите на Вардар 1961 вечерва (18 часот) против Нексе ги започнуваат натреварите во новата сезона во СЕХА Лигата.
Вардарци со пет титули со најтрофејна екипа во СЕХА лигата, и новата сезона ја отвора против добро познат противник, хрватскиот тим на Нексе со кого играше во групната фаза минатата сезона.
Натпреарот со Нексе воедно ќе претставува и деби на Давид Дејвис на клупата на Вардар. Шпанецот дојде на местото на Веселин Вујовиќ кој кон крајот на минатата година по серијата слаби резултати, се раздели со „црвено-црните“.
– Во јануари водевме подготовки со половина екипа. Ќе биде тешко на мојот прв натпревар, Нексе е добра екипа, со многу добар тренер. Само два дена тренираме со Гаџа, Чувара и Валчак, тие настапија на Европското првенство, и мора да влезат во системот кој е замислен. Ќе видиме како ќе биде на мечот. Многу тешка ситуација, кога ќе одиграме повеќе натпревари, ќе видиме реално каква е екипата, ама за утре не знаеме – рече Дејвис.
Во групата Б покрај Вардар1961 и Нексе се наоѓаат и екипите на Војводина и на Мотор Запорожје. Натпреварите од групната фаза е планирано да завршат на 17 мај, а потоа на програмата се мечевите од осминафиналето и од четвртфиналето.
Завршниот турнир на СЕХА лигата е планиран на почетокот на септември.
Распоред на натпревари на Вардар1961
04.02.2022, Вардар – Нексе Нашице
08.02.2022, Војводина – Вардар
18.02.2022, Нексе Нашице – Вардар
22.03.2022, Вардар – Војводина
02.04.2022, Мотор Запорожје – Вардар
17.05.2022, Вардар – Мотор Запорожје