Јувентус на лето ќе ја подмладува екипата

1 min read

Управата на Јувентус по загубата на титулата во Серија А минатата сезона и слабиот старт на новата сезона, одлучи да направи „ремонт“на екипата кој го започна во зимскиот преоден рок,и ќе го продолжи на лето.

Во јануари, Јувентус донесе две засилувања, Душан Влаховиќ од Фиорентина и Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах, а на лето планира да донесе уште тројца млади фудбалери и да направи тим кој во наредните години ќе ја врати екипата во врвот на италијанскиот и на европскиот фудбал

Прва мета на „старата дама“ на лето ќе биде италијанскиот репрезентативец Николо Заниоло кој никако не може да најде заеднички јазик со Рома за продолжување на договорот. Токму застојот во преговорите меѓу талентираниот фудбалер и Рома, сака да го искористи Јувентус и да донесе 22-годишниот италијански репрезентативец.

Следен на листата на желби е бекот на Џенова, Андреа Камбијасо кој има 21 година, а третото засилување треба да биде Глејсон Бремер, 24-годишниот бразилски фудбалер кој настапува за градскиот ривал Торино.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ова девојче со години одело на сите концерти на Аки, а за неговиот погреб допатувало од Германија

Следно

Иванов: Делчев се борел за малку поголема Македонија од денешнава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian