Трагедија во Австрија: Четири лица загинаа во лавина во Тирол

1 min read

Четири лица загинаа во лавина денеска во австриската провинција Тирол, јави австриската агенција АПА.

Несреќата се случила на австриските Алпи во близина на границата со Швајцарија, а покрај четворицата загинати, едно лице се смета за исчезнато.

Лавината започнала во близина на градот Спиша во Тирол, каде во последните денови падна многу снег, а ангажирани се австриски и швајцарски хеликоптери.

Австриските медиуми претходно денеска објавија дека до лавина дошло и на скијачките патеки во Зелден, во друг дел на Тирол.

kurir.mk

Претходно

Собранието на Црна Гора расправа за недоверба на Владата

Следно

ФОТО | Откриени деталите: Грашо и Хана ќе се венчаат на 19 февруари, кум ќе биде легендарниот кошаркар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian