Столтенберг заминува од НАТО, ќе стане гувернер на Норвешката централна банка

1 min read

Покрај тензичната ситуација во Украина и во Европа, НАТО сега се соочува со уште една тешка задача – да најде наследник на генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој треба да ја напушти функцијата и да застане на чело на Норвешката централна банка, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии, пренесе агенцијата ДПА.

Столтенберг е генерален секретар на НАТО од 2014 година, а неговиот сегашен мандат истекува во септември. Тој претходно беше норвешки премиер од 2005 до 2013 година.

Кандидатурата на Столтенберг за функцијата гувернер на Централната банка ја следеа контроверзии во Норвешка, делумно поради неговото блиско пријателство со актуелниот норвешки премиер Јонас Гар Стохре, колега од социјалдемократите.

Ида Волден Баче, актуелен заменик гувернер на Централната банка, исто така беше во комбинација за гувернер на банката. Волден Баче во март привремено ќе застане на чело на банката, додека Столтенберг не ја преземе функцијата, веројатно на почетокот на декември.

kurir.mk

Претходно

Петков: Гоце Делчев е неразделен дел од нашата заедничка историја со народот на Северна Македонија

Следно

ВИДЕО: Блесна нова ѕвезда во Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian