Собата смее да ја напушти само за тренинг, олимписка шамионка е единствена невакцинирана спортистка во Пекинг

1 min read

Швајцарската сноубордерка, Патриција Кумер е единствена невакцинирана спортистка која ќе настапи на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Кумер уште минатата година одлучи дека нема да се вакцинира против коронавирусот и беше подготвена да ја плати цената за таквата одлука.

– Не сум против вакцинација, но имам неколку причини поради кои не се вакцинирав и истите сакам да ги задржам за себе. Не морам да никого да му се правдам – вели Кумер.

Таа во Пекинг пристигна 21 ден пред свечената церемонија на отворање на Игрите и беше во задолжителен карантин. Кумер се уште не смее слободно да се движи во олимпиското село, таа постојано е во својата соба и излегува од неа само за тренинзи и подоцна за настапите. За тоа време, Швајцарката секој ден по два пати се тестира на коронавирус.

– Можам само да одам на тренинг. Храната ми ја носат во соба и два пати на ден ме тестираат на коронавирус – додава Кумер.

Патриција Кумер е олимписка шампионка од Игрите во Сочи 2014 година кога победи во паралел велеслалом, дисциплина во која ќе настапи и во Пекинг.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косово ги олесни ковид мерките

Следно

25 деца се лекуваат од ковид-19 во Клиниката „Козле“, меѓу нив е и едномесечно бебе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian