Сега навистина е крај: По раскинувањето, Богдан се иселил од вилата на Цеца

1 min read

По една година љубов, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот партнер Богдан Срејовиќ ставија крај на врската. Како што пренесуваат српските медиуми, Богдан веќе се иселил од вилата на Цеца, каде што живееја заедно со месеци, и изнајмил стан во Нов Белград.

– Штом раскинаа, Богдан си ги спакувал работите и се иселил од куќата на Цеца. Тој веќе изнајмил стан во близина на ресторанот во кој работи. Цеца и Богдан со месеци живееа во нејзината вила. Тие се договорија да не зборуваат за тоа во јавноста, така што за тоа знаеа само нивните заеднички пријатели, вели извор, близок до парот.

Како за потсетување, Ражнатовиќ и Срејовиќ се разделиле како пријатели, a Богдан останал во добри односи со целото семејство на Цеца.

– Веќе не сме во врска, но ќе останеме пријатели до крајот на животот, потврдија и двајцата за медиумите.

ФОТО | Пукна тиквата: Светлана Цеца Ражнатовиќ му кажа „чао“ на момчето

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Делегација на Стејт департментот наредна недела во Софија

Следно

Лошо деби за Дејвис, Вардар со пораз ја започна сезоната во СЕХА лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian