Се одложи доизградбата на кружната градинка во Волково

1 min read

Поради ковид-пандемијата и непредвидени трошоци, се одложи доизградбата на кружната градина во Волкови. 

-Договорот е склучен на 26.7.2021 година во вредност од 7.019.050 денари. Со овој договор треба да се финансира едно ниво на лифтот, скали во атриумот, дел од изолаторските , како и дел од ѕидарски работи, лантерно уредување, потпорен ѕид за оградата и оградата околу градинката, дел од  електротехничките инсталации, домофонијата, громобранска инсталација, дел од атмосферската канализација и слично – објаснија од локалната самоуправа.

Во декември бил направен анекс на овој договор, а со оглед на тоа што се работи со модерни градежни материјали, не се прават компромиси за квалитетот на изградбата и реализацијата на овој препознатлив специфичен објект. 

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО: Демонстрантите на протестниот марш бараа меѓународна истрага за случаите Алфа и Монструм

Следно

Собранието на Црна Гора расправа за недоверба на Владата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian