Разговор со Ris Flower пред изборот на песна за Евровизија: Гордо и достоинствено ќе ја претставувам нашата земја!

2 mins read

Музичарот Борис Цветановски попознат како Ris Flower е еден од шесте финалисти за изборот на песна за Евровизија.

Цветановски е единствениот артист од Македонија кој е застапен на „Vevo“ платформата. Дебитираше со „Translucent” во 2020-та година, а во летото во 2021-ва беше актуелен со проектот Live Power Sessions, a кон крајот на истата година го објави и видеото за „Hearts so cold“.

Тој е автор на својата музика, а на изда вање на својата музика работи со професионални издавачки куќи од Турција и Британија, задолжени за дигитална дистрибуција на преку 160 музички платформи.

Седнавме на кратко и го прашавме како се чувствува и што очекува од изборот.

„Заедно со мојот тим аплициравме со песната „Flying To Berlin“ на објавениот јавен конкурс на МРТ. Позитивно бевме изненадени кога добивме информација дека од страна на стручно жири, песната е избрана да биде дел од потесниот круг од 6 композиции. Доколку сум избран за претставник, очекувам гордо и достоинствено да ја претставувам нашата земја“, откри тој за „Слободен Печат“.

Имаш ли замислено како ќе се претставиш, доколку победиш?

„Немам конкретна замисла. Најпрво верувам дека тука сите сме победници. По објавување на резултатите би размислувал за понатамошните чекори“, вели тој.

„Секој од нас има некој што лета за Берлин. Да не се откажеме и да не потклекнеме на предизвиците! Не е важно каде патуваме се додека знаеме каде сакаме да стигнеме“, е пораката која Ris Flower сака да ја испрати со својата песна.

Разговор со Јон Ајдини или Yon Idy: Ќе успее ли да ја испее „Dreams“ на Евровизија?

ВИДЕО | Фаворитот од „Македонски идол“ сега е во трка за претставник на Евровизија: „Супермен“ ми дава сила

Разговор со Андреа во пресрет на Евровизија: Кога веруваш во себе и својата песна, тоа е доволно!

ФОТО+ВИДЕO | Калина, финалистка на Евровизија: Не верувам во натпревар со останатите – битките ги водам со самата себе!

Лара Иванова по стапките на Калиопи: Ако ја освои довербата, на Евровизија ќе запее и на македонски

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Европа: Расте оптимизмот за крај на пандемијата

Следно

Цветановска нема да настапи на утрешната трка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian