Променливо облачно и студено време

1 min read

Претпладне променливо облачно и студено, по одделни котлини со значителна ниска облачност. Попладне претежно сончево. Претпладне ќе дува слаб северен, а попладне слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне сончево. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне 4 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. И во сабота изутрина ќе  биде студено, а потоа температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.

Локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота во текот на ноќта во  западните делови и во понеделник кон крајот на денот.

kurir.mk

Претходно

Денес се празнува: Светиот апостол Тимотеј

Следно

Виц на денот: Денар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian