Пораз на Вардар на подготовките во Анталија

1 min read

Фудбалерите на Вардар доживеаја минимален пораз на вториот контролен натпревар на подготовките во Анталиј. „Црвено-црните“ загубија со 0:1 од рускиот Том Томск.
Единствениот гол кој го одлучи победникот беше постигнат во осмата минута од страна на Александр Ставпец.

Тренерот Глигоров на овој натпревар тргна со Гачевски, И. Мицевски, Мишковски, Ристески, Глишиќ, Д. Мицевски, М. Блажевски, Јованов, Николов, Д. Блажевски и Петковски.

Претходно Вардар со 2:0 го совлада тимот на СКА Ростов, а до крајот на подготовките, „црвено-црните“ќе одиграат уште два натпревари, против Динамо Москва (6. Февруари) и против Херманштат од Романија (7. февруари).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Малума „ја побара“ Џенифер Лопез за жена: Што се крие зад овој потег?

Следно

Дури 31 смртен случај од ковид-19 во изминатиот ден, регистрирани скоро 1.500 новозаразени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian