Поранешен албански министер за внатрешни работи осуден на 5 години затвор

1 min read

Апелациониот суд за корупција и организиран криминал на Албанија денеска го осуди поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири на пет години затвор за злоупотреба на службената положба, но ќе помине три години и четири месеци во затвор за скратено судење.

На тој начин судот ја поддржа одлуката од 2019 година на тогашниот суд за тешки кривични дела, но одлучи Тахири казната да ја одлежи во затвор, а не условно.

Тахири првично беше осуден на 12 години затвор, обвинувајќи го за тешки кривични дела, меѓу кои трговија со дрога во соработка со криминални организации и припадност на криминална група, но Апелациониот суд денеска одлучи да го обвини само за злоупотреба на службената положба.

Тој  има право на жалба на пресудата до Врховниот суд.

Тахири беше уапсен во ноември 2017 година поради неговите врски со кланот Хабилај, во кој имало и негови роднини.

Неговата прва затворска казна беше изречена една година подоцна од судот во Тирана, но беше заменета со условна, што предизвика бран незадоволство во Албанија.

Тахири беше министер за внатрешни работи од 2013 година до март 2017 година, кога премиерот Еди Рама го разреши од должноста.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Клуб Ванчо Михајлов ВМРО“ се отвора во центарот на Битола

Следно

ФОТО | „Circles“ ќе се пее во Торино: Андреа е победничката на Националниот избор за песна на Евровизија!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian