Косово ги олесни ковид мерките

1 min read

Владата на Косово вечерва усвои нови, олеснети мерки, за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, се укинува обврската за странските граѓани при влез во Косово да приложат доказ за примени три вакцини или две вакцини плус негативен РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа.

Според одлуката на кабинетот на Албин Курти, која стапува во сила утре, на 5 февруари, се враќа претходната обврска за приложување доказ за примени две анти-ковид вакцини, додека влезот во земјата е дозволен и за лицата кои имаат примено една вакцини, со тоа што треба да приложат и негативен РТ-ПЦР тест.

Со новите мерки, меѓу другото, се скратува полицискиот час, односно движењето на граѓаните е дозволено, наместо од 22 како досега, од 24 до пет часот наутро. Исто така, се продолжува и работното време на угостителските објекти, наместо до 21.30, до 23 часот и се укинува обврската за носење заштитни маски на отворено.

Одлуката да се ублажат мерките, според предлагачот, Комитетот за справување со пандемијата на Ковид-19, е донесена откако последните денови се намали процентот на заразени споредено со бројот на тестирани (од преку 25 пред десетина дена на околу 20 отсто деновиве), но и по наглото зголемување на бројот на лица кои ја совладале болеста. Така, на пример, последните три дена се регистрирани вкупно околу 6.400 новозаболени и речиси седум илјади излекувани. Бројката на активни случаи во Косово, според последните официјални податоци, изнесува 31.084.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дознајте колку ваши сограѓани се позитивни на коронавирус

Следно

Собата смее да ја напушти само за тренинг, олимписка шамионка е единствена невакцинирана спортистка во Пекинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian