„Клуб Ванчо Михајлов ВМРО“ се отвора во центарот на Битола

1 min read

Во непосредна близина на Широк Сокак, во строгиот центар на Битола, се подготвува отворање на Клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“, пишува СДК.мк. Според рекламата поставена на објектот, клубот, чие име е напишано на бугарски јазик, го отвора Културниот центар „Иван Михајлов“ од градот.

На фејсбук-страницата на Културниот центар, уште на 29 јануари се поставени фотографии од клубот. Под фотографиите пишува „Ајде за век нека е“. Под нив, читатели испраќаат коментари: „Честит нов офис на достојните наследници на Ванче“, како и тоа дека слични клубови треба да се отворат и во други градови, па и во Пиринска Македонија.

Во март лани, Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола ја разбранува јавноста во земјава и во Бугарија, по писмото испратено до бугарскиот државен врв и амбасадите на САД, ЕУ, Португалија и Германија во земјава, дека се соочуваат со страв да се изјаснат како македонски Бугари и дека се соочени со бугарофобија.

Пред две години, пак, истиот центар направи промоција на книги за Тодор Александров и полковник Дранго од поранeшниот бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, лидер на националистичката партија ВМРО-БНД, на која тој и самиот присуствуваше.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дејвис: Не чека уште многу работа

Следно

Поранешен албански министер за внатрешни работи осуден на 5 години затвор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian