ФОТО: Свечено отворени ЗОИ во Пекинг

1 min read

Со строги мерки на безбедност но со преубави кадри и спектакуларна кореографија, на стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг беа отворени 24 Зимски олимписки игри.

Свечена церемонија на отворање на Зимските олимписки игри/ фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

По дефилето на сите земји учесници меѓу кои беше и Македонија, со свечено палење на олимпискиот оган и официјално беа отворени ЗОИ во Пекинг.

Свечена церемонија на отворање на Зимските олимписки игри/ фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

На Игрите во Пекинг ќе настапат 91 земја во 109 спортски настани, ВО 15 дисциплини.
Олимпискиот оган кон Пекинг тргна на 18 октомври 2021 година од Атина.

Свечена церемонија на отворање на Зимските олимписки игри/ фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Македонија на Игрите во Пекинг ќе ја претставуваат тројца спортисти.
Дардан Дехари ќе настапи на трките во слалом и велеслалом (13 и 16 февруари), Ана Цветановска во нордиско скијање ќе настапи во дисциплините 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (5 и 10 февруари), како и Ставре Јада исто така во нордиско скијање и тоа во дисциплините спринт слободно 1,5 км и на трката 50 км слободно (8 и 19 февруари).

Дардан Дехари беше знаменосец на отворањето на Игрите/Фото: EPA-EFE/MARK CRISTINO

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Откриени деталите: Грашо и Хана ќе се венчаат на 19 февруари, кум ќе биде легендарниот кошаркар

Следно

Добрите примери се клучот за решавање на билатералните прашања, рече бугарскиот европратеник Ќучук пред споменикот на Гоце Делчев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian