ФОТО | Откриени деталите: Грашо и Хана ќе се венчаат на 19 февруари, кум ќе биде легендарниот кошаркар

2 mins read

Еден од најпопуларните хрватски парови во моментов, пејачот Петар Грашо (45) и Хана Хуљиќ (31), се главна тема на регионалните медиуми од самиот почеток на нивната љубовна врска.

Иако се шпекулираше дека планираат да се венчат напролет, Хана Хуљиќ и Петар Грашо, сепак, ќе се венчаат на 19 февруари во Сплит, дознава „Индекс.хр“.

Венчавката ќе се одржи во црквата Свети Фрањо во Сплит, а на неа ќе присуствуваат блиското семејство и пријателите.

На венчавката ќе присуствуваат и некои познати имиња, како поранешниот кошаркар Дино Раѓа, за кој се шпекулира и дека ќе му биде кум на пејачот. Грашо, пак, на Раѓа му бил кум кога во 2001 година се венчал со Викторија.

Петар Грашо во февруари требаше да одржи големи концерти во загрепската и сплитската Арена, но поради ковид-мерките концертите се, сепак, одложени за март, кога се очекуваше дека парот да се венча.

Кума на венчавката, ќе биде пејачката и блиска пријателка на Хана, Доменика Жувела. Хана пред два дена ја објави фотографијата со Доменика, на која позираат насмеани и среќни.

ВИДЕО | Петар Грашо си ја отвори душата: Ова ќе биде прекрасна година, подготвен сум да бидам татко

Да потсетиме, Петар и Хана неодамна и официјално потврдија дека за неколку месеци ќе станат родители. Петар во неколку свои интервјуа откри дека е подготвен за улогата на татко, и дека едвај чека бебето да „дојде“ на свет.

Грашо со години е многу близок со родителите на Хана, Тончи и Вјекослава Хуљиќ, кои не кријат дека се среќни за нивната врска и за приновата.

Потврдено – среќни и возбудени: Хана Хуљиќ и Петар Грашо ќе станат родители

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трагедија во Австрија: Четири лица загинаа во лавина во Тирол

Следно

ФОТО: Свечено отворени ЗОИ во Пекинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian