Тринити Родман, ќерката на поранешниот НБА кошаркар Денис Родман стана најдоброплатена фудбалерка во САД.
Американските медиуми пишуваат дека 19-годишната Тринити која игра како напаѓач, потпиша договор со екипата на Вашингтон спиритс до 2026 година вреден 1.1 милион долари.
Според договорот, Тринити ќе заработува по 281.000 долари годишно и ќе ги надмине по заработката ѕвездите како Меган Рапино и Алекс Морган.
Тринити Родман во најсилната женска фудбалска лига во САД влезе како втор избор на драфтот во 2021 година и минатата сезона беше прогласена за најдобра дебитантка, а се наоѓа на поширокиот список од 25 репрезентативки на селекторот со македонско потекло, Влатко Андоновски