Државјани на Косово и Куба го прекршиле Законот за странци во Македонија

1 min read

Трудовиот инспекторат при контрола на градежен објект во Скопје, вчера утврдил дека спротивно на законските прописи работат 10 лица, државјани на Косово. Според податоците на МВР, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со инспектори од Трудов инспекторат, овие неправилности ги утврдиле вчера при извршина контрола на градежен објект на ул.„Партениј Зографски“ во Скопје.

– При контролата, на објектот биле затекнати 10 лица, државјани на Косово, кои извршувале градежни работи. По дополнителните проверки било констатирано дека лицата го прекршиле Законот за странци и против нив ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави согласно член 217 од Законот за странци, додека за правното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави од страна на Трудов инспекторат, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека одредбите од Законот за странци, вчера не се почитувани и во друг случај кој е регистриран во Кавадарци.

– Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци извршиле контрола во автобус со скопски регистарски таблички, сопственост на превозно претпријатие од Скопје, при што биле пронајдени две лица – мигранти од Куба. Притоа, било констатирано дека лицата оствариле илегален влез во државата. Тие биле приведени и им биле изготвени записници за констатиран прекршок согласно член 147 од Закон за странци, по што ќе бидат протерани од државата, информираат од МВР.

kurir.mk

Претходно

Добрите примери се клучот за решавање на билатералните прашања, рече бугарскиот европратеник Ќучук пред споменикот на Гоце Делчев

Следно

Две деца физички нападнати кај Железничка станица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian