Еден од седумдесетмината апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му ги пофалува светиот апостол Павле за нивната нелицемерна вера (2Тим. 1, 4-5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден куцоног од раѓање. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен, Тимотеј многу придонесе за распростирањето на христијанската вера. Павле го нарекува вистински син во верата (2, 1-2). По маченичката смрт на свети апостол Павле, Тимотеј го имаше за учител свети Јован Богослов. Но, кога царот Дометијан го прогони Јован на островот Патмос, Тимотеј остана да епископува во Ефес наместо него. Во времето на еден идолски празник наречен Катагогиум, незнабошците, лути на христијаните, подмолно и под маски го нападнаа свети Тимотеј и го убија (околу 93 година). Неговите чесни мошти подоцна се пренесени во Цариград и погребани во црквата на Светите апостоли до гробот на светиот евангелист Лука и на светиот Андреј Првоповикан.
Latest from Blog
Фудбалерите на Реал Мадрид со победа ја започнаа одбраната на титулата во Ла Лига.„Кралевите“ славеа на
Фудбалерите на Рома славеа со 0:1 на гостувањето кај Салернитана во првото коло од Серија А.Тренерот
Мачорот Оливер стана вирален хит на социјалните мрежи по неговиот авантуристички потфат. Имено, мачорот се изгубил
Романската тенисерка Симона Халеп е победничка на титулата на мастерсот турнирот од серијата 1000 во Торонто.
На осум деца и на четворица возрасни им е потребна хоспитализација по несреќата која се случи