Дејвис: Не чека уште многу работа

1 min read

Ракометарите на Вардар со пораз ги започнаа настапите во СЕХА Лигата, во СЦ Јане Сандански, бодовите ги однесе Нексе кој славеше со 24:25.

Денешниот натпревар воедно претставуваше е деби на Давид Дејвис на клупата на Вардар кој е свесен дека ќе биде потребно време за „црвено-црните“ да почнат да играат како што се очекува од македонскиот шампион.

– Генерално гледано сум задоволен, секако дека ќе бев посреќен ако победевме, но што е тука е… Трениравме овој месец, бидејќи дел од играчите беа со своите репрезентации и доцна се приклучија. Сите бевме нервозни на овој прв натпревар. Не бевме најдобри, ќе мора да промениме многу работи во иднина. Екипата играше добро и јасно знаеме што ќе играме во иднина. Ќе бев посреќен со победа, но тоа е што е, не можеме да очекуваме многу уште на првиот натпревар. Нè чека уште многу работа со тимот – изјави Дејвис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интересно трио водители на Евровизија 2022: Лаура Паузини, Мика и Алесандро Кателан

Следно

„Клуб Ванчо Михајлов ВМРО“ се отвора во центарот на Битола

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian